Во кабаре „Дак“ во Охрид ноќеска охриѓаните А. Ф. (33) и Ж. Р. (24) ги нападнале физички државјаните на Турција и на САД.
Физичкиот напад уследил откако ја забележале М.Ф.(58) во друштво на државјаните на Турција и САД, кои при нападот се здобиле со телесни повреди.
Напаѓачите го искршиле и инвентарот во објектот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.