Акциски контроли на сообраќајната полиција во Охрид

Од:

Пет возачи се исклучени од сообраќај поради управување моторни возила под дејство на алкохол, затекнати при акциската контрола што викендот ја реализираше Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР – Охрид.

Контролата на сообраќајната полиција се изведе во рамките на превентивниот проект „Летна кампања 2014“ на МВР при што биле контролирани 94 возила, а 74 возачи биле алкотестирани. Полициските службеници притоа поделиле 50 едукативни флаери за младите возачи „Алкохол и волан-најлоша комбинација“ и 36 освежувачи како пригоден подарок за совесните возачи.

– Целта на превентивната акциска контрола „Алкохол и волан-најлоша комбинација“ е зголемување на степенот на сообраќајна едукација и култура кај учесниците во сообраќајот и, генерално, зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Проектот „Летна кампања 2014“ со акциски контроли ќе продолжи да се реализира и во текот на идниот месец при што ќе бидат поделени 50 илјади примероци од едукативните флаери „Алкохол и волан – најлоша комбинација“.

Статистичките согледувања и анализи на Министерството за внатрешни работи, покажуваат дека најголемиот број тешки сообраќајни несреќи се случуваат во населените места во текот на овие два летни месецa, и во деновите петок и сабота кога младите се најактивни. За првите шест месеци од оваа година, во земјава се случиле 1.753 сообраќајни незгоди со фатални последици во кои загинале 64 лица, а преку 403 лица се здобиле со тешки телесни повреди додека пак 2.028 лица се здобиле со телесни повреди. Од извршените сообраќајни контроли пак во овој шестмесечен период констатирано е дека во просек неделно над 200 возачи управуваат возило под дејство на алкохол.

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода