Две интервенции за 24 часа на кривопаланечките пожарникари

Од:

Првите две интервенции за овој месец на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се случиле изминатото деноноќие. Кривопаланечките пожарникари интервенирале по две дојави, едната за запалена семејна куќа во селото Костур, а другата за запалени отпадни материјали во станбена зграда на главната улица.

– Првиот пожар е пријавен околу 3 часот изутрината, на 20 јули, од дежурниот полициски службеник во Полициската станица од Крива Паланка, каде била примена дојавата. Поради дефект на ладилник во куќа во селото Костур настанал краток спој и пожар во кујната, каде се опожарени повеќе електрични апарати. Настаната е поголема материјална штета, но пожарот не се проширил во другите простории, изјави командирот на Територијалната противпожарна едница од Крива Паланка, Иле Коцевски.

Тој додаде дека две екипи на ТППЕ по локализирањето на пожарот ги преземале сите превентивни мерки за отстранување на скриените жаришта.

Коцевски информираше дека вториот пожар настанал во скривница на колективна станбена зграда во комплекс на главната улица, каде не настанала никаква материјална штета.
– На 20 јули околу 20 часот две екипи на ТППЕ интервенираа во скривницата на зградата каде била запалена отпадна маса, вреќа со лушпи од ореви, собирани за горење во зимниот период. Опожарени се и пластични предмети од просторијата. Пожарот предизвикал голем чад што бил доволо да ги алармира станарите, рече Коцевски. Додаде дека просторијата била празна и оти нема настанато материјална штета, а интервенцијата е завршена за еде час.

Според Коцевски, иако постојано се апелира граѓаните внимателно да се однесуваат, бројот на пожари во првите 6 месеци од годинава незначчително е помал во однос на истиот период лани. Годинава, заклучно со 30 јуни, ТППЕ имала 19 интевренции, додека лани во истиот период бил регистриран 21 пожар на територијата на општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра

Горат најмалку три сплавови на Ада Циганлија во Белград