Превентивна заштита од пожари во Гевгелија

Од:

Со континуираното зголемување на дневните температури, општина Гевгелија презема низа активности за превентивна заштита од пожари кои во летниот период лесно се предизвикуваат.

Покрај целосната мобилност и редовните дежурства во територијалната против пожарна единица, општина Гевгелија ангажира дежурни посматрачи.

Од општината информираа дека тие во летните месеци се распоредени на терен каде што ја следат состојбата со обиколка на сообраќајниците, тревнатите површини, депониите и сите можни жаришта на пожари и постојано се во контакт со ТППЕ Гевгелија.

Превентивно против пожарите делува и подружницата на Шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија која упати апел до граѓаните и своите вработени, совесно да се однесуваат при движење и престој во шумата и нејзината близина.

Воведена е и забрана за палење стрништа и оган на отворено во шума. Против граѓаните кои нема да се придржуваат на апелот, ќе бидат поднесени прекршочни пријави кои се санкционираат со високи парични казни.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on