Нетанјаху: Споредбата на турскиот премиер има тон на антисемитизам

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека споредбата од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека израелската офанзива во Појасот Газа со акциите на нацистите има „антисемитски тон“.

– Слушнав што кажа премиерот на Турција, крајно сериозни зборови – истакна Нетанјаху, додавајќи оти му кажал на американскиот државен секретар Џон Кери дека тоа се антисемитски изјави.

Ердоган во саботата го обвини Израел дека „го надминал варваризмот на Хитлер со нападите врз палестинската територија“, но ги предупреди Турците својот бес да не го насочуваат против Евреите во земјата.

Нетанјаху посочи и дека има „многу силна“ меѓународна поддршка за воената операција во Појасот Газа, каде за 13 денови убиени се повеќе од 430 Палестинци.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас