Одличен совет за борба против комарци, искористете го стариот талог од кафето. Истото можете да го направите и со мелено кафе, но ефектот на талогот е поголем.
Соберете го талогот од кафето и ставете го во сад во кој претходно ќе ставите алуминиумска фолија. Оставете го на ладно, суво место, додека целосно се исуши.
Откако ќе се исуши запалете го талогот (или меленото кафе), а откако ќе почне да гори талогот, искача чад кој е непријатен за комарците, но не и за вас.
Покрај комарци, кафето може да се икористи и во битка со мравки.
Посипете мелено кафе на местата каде што имате проблем со мравки и проблемот е решен.