Воената операција за уривање на ископаните тунели од страна на Хамас во Газа може да заврши многу брзо, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, без да посочува рокови.
Нетанјаху повика за примена на програмата за демилитаризирање на палестинската енклава, која е цел на израелската операција, која досега за 13 дена однесе најмалку 425 палестински жртви.
Израелската армија ја засили копнената офанзива, за да го неутрализира ракетниот напад и да ги уништи ископаните тунели кон Израел.