Девет нови жртви при израелската офанзива во Газа

Од:

Четворица израелски војници и најмалку петмина Палестинци загинаа во текот на мината ноќ при израелската копнена опрација во Појасот Газа.

Еден израелски војнки бил убиен при престрелка со група Палестинци, а друг загинал при експлозија на противтенковска граната во Појасот Газа.

Уште двајца припадници на Вооружените сили на Израел ги загубиле животите кога биле нападнати од заседа од членови на палестинското исламистичко движење Хамас, кои преку подземен тунел успеал да преминат на израелска територија од Појасот Газа. При нападот се ранети уште четворица војници, а е ликвидиран и еден од борците на Хамас.

Со ова бројот на загинати Израелци од почетокот на офанзивата се искачи на седум.

Во текот на вчерашниот ден од територијата на Газа врз Израел биле истрелани над 90 ракети.

Четворица Палестинци загина при израелски артилериски напад во градот Газа. Меѓу убиените се и синот на високиот функционер на Хамас, Халил ал Хаја и две деца.

Израелската армија за денеска најави дека ќе ја засили својата копнена офанзива во Газа со вклучување на дополнителни воени единици.

Би можело да ве интересира

Бербок: Израел има право да цели на цивилни цели во Газа

Сведоци на израелскиот напад на болница во Газа: „Луѓето изгореа до смрт“

Горан Наумовски

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна

Извршивме напад врз израелската логистичка база Кенобар, извести Хезболах

Харис: Израел мора да стори повеќе за да го олесни протокот на помош за Газа