Кривични пријави против петмина за криумчарење мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на овој месец во три одвоени случаи на криумчарење мигранти поднесе кривични пријави против пет лица, а при расчистувањето на случаите откриени се вкупно 20 илегални мигранти од кои девет државјани на Авганистан и 11 државјани на Сирија кои илегално влегле во Република Македонија со намера потоа да продолжат кон западноевропските земји.

Во првиот случај, соопшти денеска МВР, кривично пријавени се лицата И.К. (39) и А.П. (51), двајцата од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.

На почетокот на овој месец И.К. во својот дом прифатил и засолнил петмина авганистански државјани (маж, жена и три деца) за сума од по 20 евра од вечер, иако знаел дека лицата илегално престојуваат во Македонија. Наредниот ден тој телефонски се договорил со второпријавениот А.П. со своето такси возило за сума од 50 евра да ги пренесе лицата во близина на граничниот премин Табановце од каде требало илегално да влезат во Србија, а од таму во некоја од државите на ЕУ.

Меѓутоа, А.П. заедно со илегалните мигранти (инаку авганистанско семејство) набрзо биле сопрени од сообраќајна патрола во близина на кумановскиот монопол и по проверките биле приведени во СВР Куманово. Набрзо по ова приведен е и И.К.

Во вториот случај поднесена е кривична пријава против лицата С.Е. (30) и Ф.Ш.(30), двајцата од Штип. На регионалниот пат Куманово-Свети Никола-Штип кај месноста викана „Канда“, полициски службеници се обиделе да сопрат возило марка „опел омега“, но возилото не сопрело по што набргу кај раскрсницата за селото Стањевци удрило во бетонски столбови од автобуска постојка. По преземни мерки фатен е совозачот С.Е. и седум сириски државјани на возраст од 25 до 37, а од извршен разговор со нив утврдено е дека возилото го управувал Ф.Ш., кој претходно се договорил со С.Е. да ги превезат мигрантите од Демир Капија до Куманово, за што му дал 3.000 денари.

Во третиот случај ноќеска околу 30 минути по полноќ, на магистралниот пат Штип – Радовиш, при контрола на возило со скопски регистарски ознаки управувано од В.Д.(34) од Велес, пронајдени се осуммина илегални мигранти, четворица од Сирија и исто толку од Авганистан, кои илегално влегле во Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет