Во росоманското село Трстеник денеска беа удрени темелите за изградба на нова црква Свети Петар и Павле.
Градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов информираше дека изградбата на црквата е резултат на заедничката соработка помеѓу росоманската локална самоуправа, црковни луѓе и жители на селото.
– Формиран е петчлен црковен одбор и отворена е жиро сметка на која сите верници и хумани луѓе ќе можат да донираат во рамките на своите можности, со цел побрза изградба на црквата, која се гради на имот сред село кој досега беше приватен, но е преотстапен на МПЦ-ОА, рече градоначалникот Лазов.