ЛДП: Постапката на ректорот е недолична

Од:

Либерално демократската партија е  сериозна загрижена од фактот дека Државниот  Универзитет, кој  почива врз принципите на автономноста и  секуларноста во своето работење, учебната година ќе ја започне со литургија.

ЛДП смета дека ваквиот начин на обележување на почетокот на академската година не е во согласност со  Уставот  во кој  Македонија е дефинирана како секуларна држава и е во спротивност со статутот на универзитетот, според кој се  забранува  секакво политичко и верско дејствување.

„Со оглед  дека Универзитетот е световна институција во која работат и се обрзоваат  луѓе со различна вероисповед,   недозволива и недолична е постапката на Ректорот со која тој  во името на институцијата, ги повикува професорите на литургијата со што  Универзитетот го  става во верски контекст.На овој начин се  нарушува  приватноста на верските убедувања на професорите и студентите и  се создаваат и продлабочуваат поделби , не само помеѓу  припадниците на различни религии  туку и  на оние што се верници и оние што се атеисти“, стои во реакцијата на ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски