Седум членови на едно семејство се удавиле во септичка јама. Преживеала само една 45 – годишна жена.
Трагедијата се случила на фарма на свињи во село на западот на Полска. Телата на починатите биле извадени со помош на противпожарната бригада.
Според истрагата, во обид да се испразни резервоарот со помош на трактор, горниот дел на јамата попуштил и во неа пропаднала жената што го управувала тракторот.
Во обид да и помогнат, во јамата пропаднале уште седум члена на семејството кои се загушиле од отровните испарувања и починале. Резервоарот бил длабок три метри со површина од 50 квадрати.