Ново бизарно реалити шоу – како да се остане девица

Од:

Ем-Ти-Ви со своето ново реалити шоу повторно одлучи да игра на картата на шокирање на гледачите.

Откако оваа телевизиска куќа отстапи од концептот на музичка телевизија, се префрли на реалити шоу како главна движечка сила и нурна длабоко во сферата на „трешот“. Новото реално шоу „Virgin Territory“ би можело да биде уште еден чекор во таа насока, освен ако не се покаже дека сериите може да имат едукативна улога како своевидна забавна телевизиска замена за здравствено и сексуално воспитување.

Во серијата се следат четворица машки и женски девици кои доколку потклекнат на страстите ќе бидат заменети со други учесници. Во првата епизода е Лиса, 23 -годишна христијанка која за неколку дена би требало да се венча. Поради сексот на првата брачна ноќ Лиса во втората епизода ќе ја замени 22-годишниот Лука, лојален христијанин кој наликува на двојник на некој од членовите на Jonas Brothers. Другите учесници , 19-годишната Микаела, која сака да има однос но не со секого, 20-годишниот девец Кајл, кој никогаш не видел вагина и 22 – годишната Доминик.

Пријателите ги поддржуваат, но сакаат да им помогнат што побрзо да ја изгубат невиноста. Единствена тема на шоуто е секако, сексот.

Би можело да ве интересира

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ