Македонија претпоследна според квалитетот на услуги во регионот

Од:

Речиси половина од вработените во македонските фирми не им велат „благодарам“ на потрошувачите за нивната посета. Истражувањето на хрватската агенција „Хераклеа“ ја сместува Македонија на претпоследното 5-то место од шест држави во регионот во однос на елементите за добра услуга.

tabelaUslugi

Истражувањето на компанијата кое е направено во соработка со агенции за тајно купување врз основа на 5 елементи, поздрав, утврдување на желбата на купувачот, познавање на производот, нудење на дополнителен производ и благодарност за посетата. Тајните купувачи посетиле речиси 800 различни објекти како автомобилски салони, банки, бензински пумпи, супермаркети, туристичко – угостителски објекти и мали продавници во сите држави.

tabelaUslugi1

На врвот на листата на држави кои нудат најдобри услуги за потрошувачите е Словенија, на второто место се наоѓа Србија. Потоа следуваат Хрватска, Македонија е на 5-тото место и последна е Босна и Херцеговина.

Истражувањето е направено од 9 – 22 јуни.

Би можело да ве интересира

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ