За Солза и Буралиева власта гласаше да членуваат во неколку комисии

Од:

Солза Грчева и Љубица Буралиева и активно се вклучија во работата на Законодавниот дом.

Солза Грчева е член на комисиите за европски прашања и за образование, наука и спорт, како и заменик член во комисиите за надворешна политика и за труд и социјална политика. Љубица Буралиева, пак, е член на комисиите за култура и за локална самоуправа, како и заменик член во комисиите за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За владеачкото мнозинство овој чекор на Грчева и Буралиева е зрелост, а за СДСМ, предавство и непочитување на партискиот став за бојкот.

И двете беа на листите на опозициската коалиција на добитни места. Иако, дел од општинските организации жестоко реагираа на одлуката токму тие да добијат шанса за влез во Парламентот, сепак раководството им ја даде довербата. По во многуте статуси на социјалните мрежи и двете пишуваа за борба за демократија, единство на опозицијата, се сликаа пред Собранието кога беше соопштена одлуката за бојкот, но се премислија. Ги отвораа и затвораа профилите на социјалните мрежи, во зависност од коментарите кои ги добиваа. Одлучуваа и се премислија, но, како што напишаа со бојкот, на собраниските фотелји ќе ја биеле битката за слобода.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски