Израел одби напад на борци од Хамас

Од:

Израел утрово одби напад на група од околу 13 екстремисти кои влегле од Појасот Газа преку тунел, истакна портпаролот на израелската армија, потполковник Петер Лернер.

Според него, овој инцидент нема да претставува закана за петчасовниот хуманитарен прекин на борбите, договорен од ОН.

Лернер изјави дека нападот би можел да има „катастрофални последици“, бидејќи напаѓачите биле добро вооружени.

Екстремистите биле пресретнати на излезот од тунелот на околу 250 метри внатре во израелска територија и биле нападнати од израелската авијација.

Израелски воени претставници соопштија дека само еден од напаѓачите е убиен, а останатите се вратиле преку тунелот во Газа.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците