Шест сообраќајки за 24 часа на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден велосипедист и четворица сопатници.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 11 возачи без возачка дозвола, 35 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и шест возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативна поука. Едукативната поука ќе се одржи во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба со почеток во 19 часот, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи на велосипеди со мотор, мопед и мотоцикли кои направиле прекршоци по разни основи.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош