Промотивен видео запис за концетот на Меј и Македонската филхармонија

Од:

Во пресрет на музичко – сценскиот спектакл насловен „Музика Универзалис“, кој ќе се случи на 2. август во Античкиот театар во Охрид и на кој ќе настапи легендарниот ди – џеј Дерик Меј, еден од пионерите на детроитската техно-сцена со Македонската филхармонија.

Под отворено небо, љубителите на музиката, ќе имаат можност да присуствуваат на несекојдневен настан. За оркестарските аранжмани на музиката на Меј, е задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан. Оркестарот ќе биде збогатен и со магичниот звук на пијаното, во изведба на нашата афирмирана пијанистка Емилија Потевска. Идеен творец и продуцент на овој настан е Огнен Узуновски – Оги, сопственик на продуцентската куќа „Излет мјузик“.

Проектот е под покровителство на Министерството за култура. Од организацијата најавуваат досега невидено шоу на овие простори. Концертот ќе претставува фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка.

Дерик Меј е познато име за македонската публика. Тој е еден од пионерите на техно-сцената во Детроит, а критиката го нарекува Мајлс Дејвис во светот на техно-музиката поради неговиот оригинален, комплексен и меланхоличен стил. Од ладните и безживотни машини, Меј создава топлина, продуховеност и фантастична инспирација. Неговите настапи се познати по тоа што тој има ретка моќ публиката да ја доведе до лудило.

Овој негов најнов проект со симфониски оркестар, ќе ја соедини артифициелната музика со благородниот звук на класичните инструменти.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска