Аудио книги од домашни и светски автори

Од:

Троика Студио и издавачот „Галерија 8“ почнуваат со проектот „Аудио книги од домашни и светски автори“.

– Создаваме импозантен аудио фонд на книги кој има за цел не само да ги задоволи основните и неопходни наслови, туку да биде во тек со светските и домашни наслови и автори. Целта е светските текови и трендови на пишаниот збор да бидат достапни веднаш по објавувањето, преведувањето на македонски, на обично, визуелно писмо, велат издавачите.

Аудио книгите се наменети за сите што немаат време да седнат и да ги прочитаат своите омилени автори, но посебно за слепите и слабовидни лица. По терк на светските искуства, делата ќе може да се слушаат во автомобил, при рекреација или за време на одмор и работа во домот.

Проектот стартува со аудио изданието „Идиотски приказни“ на младата македонска авторка Ксенија Николова што ќе биде промовирано денеска. Актерската изведба е на Гордана Ендровска и Анастас Тановски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска