Реакција на Град Скопје на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

Градот Скопје остро реагира на изнесените невистини на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со поставувањето пет нови споменици во Скопје.

Почитувани, повторно настојувате да ја замајувате јавноста со одредени невистини за тоа како се трошат парите на граѓаните. Факт е дека петте споменици што се планира во наредниот период да се постават во Скопје се донација од Здружение на граѓани. Во согласност со тоа, тие немаат никаква врска со трошењето буџетски средства од Град Скопје или како што Вие милувате да кажете „пари на граѓаните.“

Сакаме да нагласиме дека Градот Скопје од својот буџет нема да издвои ниту еден денар за поставување на овие споменици. Сметаме дека е време да престанете со конструирањето лаги и пласирањето заговори пред јавноста во врска со тоа кој го финансира поставувањето спомен-обележја на значајни дејци од македонската историја.

Градот Скопје јавно и транспарентно објавува пред граѓаните колку чини секој проект што го спроведува и ако ги погледнете вложувањата во Скопје во периодот пред 5 години и сега, тие бројки не можат да се споредат. Капиталните проекти на Градот Скопје не се тајна и не се скриени, туку се гледаат на терен, а позитивните придобивки од нив ги чувствуваат сите граѓани и посетители на Скопје. Тука ќе нагласиме дека во моментов на терен може да се види дека нашите екипи неуморно работат на проширувањето и реконструкцијата на улицата Трета македонска бригада, на проширувањето и реконструкцијата на третиот дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на проширување и реконструкција на улицата Јордан Мијалков, на реконструкција на коловозот на автобуското стојалиште „Рекорд“, на уредување со зеленило на вториот дел од паркот „Македонија“, на замена на старите железни контејнери со нови, пластични и уште многу проекти од кои корист ќе имаат сите граѓани на Скопје.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски