Британецот Лорд Хил, досегашен лидер на Горниот дом на британскиот Парламент, е кандидат на владата во Лондон за комесар во Европската комисија.
Хил важи за силен евроскептик и силен поддржувач на политиката на британската Конзервативма партија и на ториевците во владата, за реформирање на ЕУ и за враќање на дел од овластувањата што земјите членки ги имаат префрлено на Брисел.
Партиски извори во Лондон објаснуваат дека тој е „ефикасен политичар„ кој може да се спротувстави на некои од одлуките што ги донесува Европската Комисија,но она што сега го интересира официјален Лондон, тоа е за Хил да се обезбеди еден од клучните ресори во европската „влада“.
Според истите овие извори, британската влада настојува тој да го добие некој од виталните ресори во економскиот сектор и да биде назначен за еврокомесар за трговија, или за конкурентност во бизнисот и економијата.
Даунинг стрит 10 денеска потврди дека премиерот Дејвид Камерон патува во Брисел по седницата на Парламентот во Лондон, за да се сретне со новиот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер и пред Самитот на ЕУ да го убеди на лорд Хил да му додели некој од виталните европски сектори.
Самитот се одржува во обид да се обезеди единство за изборот на наследници за Кетрин Ештон,Висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ и на Херман Ван Ромпуј, претседател на Советот на Европа.
Засега не постои единство меѓу земјите членки, иако како главни претенденти за двете функции се истакнуваат, италијанската министерка за надворешна работи Федерика Могерини, која би требало да ја наследи Британката Кетрин Ештон, како и актуелната премиерка на Данска, Хеле Торинг Шмит која би требало да го преземе претседавањети со ЕУ, наместо белгискиот политичар Ван Ромпуј.
Тој и Ештон заминуваат од функциите во ноември годинава.
Изборот на наследник на Ештон може да предизвика ново бранување во ЕУ,затоа што трите балтички земји и Полска се против изборт на Могерини, тврдејќи дека таа е „премногу мека“ со својит став кон Русија и претседателот Владимир Путин во сегашната украинска криза.
Како компромисни предлози се нудат бугарската еврокомесаркаа Кристалина Георгиева, како и поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани, по денешната сугестија на владата во Атина.
Во 2009 година, исто така, имаше долги „пазарење“ околу овие кандидатите за овие две функции,па компромис беше најден во последен момент, откако низа „силни“ кандидати отпаднаа, а изборот на големо изненадување падна на Ештон, која во тоа време беше малку позната и во Велика Британија и на Ромпуј.