Литванија ќе и се приклучи на eврозоната на 1. јануари 2015

Од:

Литванија треба да и се приклучи на евро-зоната на 1 јануари 2015, потврди Европскиот парламент во Стразбур во денеска усвоената резолуциј, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Резолуцијата само ја потврди препораката на Комисија, како и политичката поддршка дадена од шефовите на државите и владите за време на јунскиот самит.

Препораката беше усвоена со 545 гласови за, 116 против и 34 воздржани.

„Се разботи за добра вест за Литванија, за балтичките земји и за стабилноста на Европа. Од 2006 година, спроведени се значајни реформи кои дозволија да се намали инфлацијата, да се стабилизира стапката на невработенсота и да се намали буџесткиот дефицит и да се достигне прифатлива стапка на јавниот долг во однос во ВБП“ – изјави известувачот Вернер Ланген, кој притоа и посака добредојде на Литванија во евро-зоната.

Литванија со ова ќе стане 19-та земја членка на евро-зоната.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов