Ѓоковиќ собра 1,4 милиони долари за деца во хуманитарни цели

Од:

Хуманитарната организација на Новак Ѓоковиќ на добротворна вечера во Њујорк собра 1,4 милиони долари, кои ќе се пренасочат за помош на децата во Србија.

Најдобриот српски тенисер и почесен претседател на фондацијата, синоќа беше домаќин на хуманитарниот настан.

На аукцијата на бројни предмети и драгоцености учествувале важни личности од светот на спортот, модата бизнисот, забавата и филмот и многу значајни личности од социјалниот живот во Соединетите американски држави.

Најголемо интересирање на аукцијата било покажано за тенискиот ракет на Ѓоковиќ, кој го претставиле манекенките Ања Рубиќ и Саша Кнежевиќ.

На аукција биле дадени и билети за концертот на Мадона, потоа скапоцениот часовник Одемар Пиже на кој цената му ја поткрена славниот тенисер Џон Мекинро, како и приватна партија голф со холивудската ѕвезда Енди Гарсија.

„Презадоволен сум со тоа како помина првата добротворна вечера. Иако мојата Фондација постои повеќе од пет години, дури сега можам да кажам дека се чувствува нејзиното влијание“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех