Улогата на „среќен дебел човек“ повеќе не му се допаѓала на Американецот, Роберт Фостер, па затоа решил нешто да промени во животот.
Во моментот кога бил најдебел Роберт имал 150 килограми и носел маица со натпис „Јас ја победив анорексијата“. Луѓето го сметал за човек на кој не му пречи неговата тежина, но всушност вистината била сосема спротивна.
Тој себе си потајно си замерувал за дебелина и затоа што немал сила своите четири ќерки да ги прошета во паркот, како и за фактот што се заморува и од мала физичка работа.
Неговата сопруга Џесика исто така имала проблем со дебелината. Таа го достигнала максимумот со тежина од 130 килограми и признава дека во тој период чувствувала како луѓето ја игнорираат поради нејзината дебелина.
Во март 2012 година оваа брачна двојка имала емотивен разговор во време кога се приближувал 30-от роденден на Џесика и тогаш тие решиле дека повеќе не сакаат да имаат толкава телесна тежина. Тие и претходно разговарале за тоа дека мора да ослабат, но сепак тој ден нешто „пукнало“ во нив.
– Ги обожувам своите деца и сопругот, но во тој момент се мразев себеси. Не им се посветив целосно затоа што се гадев од себе, раскажува Џесика и објаснува дека тоа било пресуден момент за да почне со диета.
Џесика почнала да посетува часови по зумба и за неколку недели изубила 10 килограми и добила голем мотив да продолжи да слабее. Роберт потешко се навикнал на промената, но веднаш почнал да игра тенис и да скока на јаже. Двајцата почнале заедно да пливаат, планинарат и да трчаат.
Трудот се исплател. Сега двајцата имаат по 75 килограми. Целосно го промениле начинот на исхрана, ја избегнуваат брзата храна и јадат многу овошје, зеленчук и риба. Сега се чувствуваат здрави и среќни.
– Се сакам себеси и го сакам тоа што го гледам во огледалото. Знам дека треба уште да работам на себе, но сега сум друга личност, вели Џесика