Путин ги повика земјите од БРИКС да ја зголемат економската соработка

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика државите од Групата земји со збрзан економски раст БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) да ја зголемат економската соработка, јави ИТАР-ТАСС.

Во своето обраќање на пленарната седница на Самитот на БРИКС во бразилскиот град Форталеза, Путин нагласи дека тоа ќе овозможи реализирање на вистински заеднички големи програми за одржлив развој.

Путин истакна дека Русија подготвила проекти за стратегија за мултинационална економска соработка во рамките на БРИКС и патна карта за инвестициска соработка.

Рускиот претседател, исто така, предложил формирање на работна група на високо ниво, што ќе работи на проектот за стратегии. Во предложената патна карта се наоѓаат 37 проекти од разни области, од висока технологија до хуманитарната сфера.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот