За само три месеци уништени шест велосипеди на ЈП „Градски паркинг“

Од:

Од Град Скопје информираат дека за само три месеци од почетокот на сезоната за изнајмување велосипеди за оваа 2014-та година се уништени 6 велосипеди на ЈП „Градски паркинг“.

„Според податоците на претпријатието, од 2010-та година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до месец јуни 2014-та година уништени се вкупно 150 велосипеди, кои повеќе не се во употреба, а 9 се украдени.

osteteni-velosipedi-2 (2)

– Екипите на ЈП „Градски паркинг“ секојдневно вршат поправки и ги сервисираат велосипедите за тие да бидат безбедни за користење. Ако некој украде велосипед, ЈП „Градски паркинг“ кражбата ја пријавува во полиција, односно поднесува пријава за кражба или пријава за затајување туѓа сопственост. Потоа, полицијата трага по сторителите“, велат од Град Скопје.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат изнајмените велосипеди од ЈП „Градски паркинг“.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош