А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Девет сообраќајки за 24 часа на подрачјето на Скопје

by А1он15/07/2014 - 12:15146
Share0

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од нив, пет се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле пет лица.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 26 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 18 возачи се движеле со брзина поголема д 90 километри на час во населено место, двајца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 10 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе одржи едукативно предавање во детската градинка „Сончогледи“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

skopje

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он24/05/2026 - 10:43

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 18:1124/05/2026 - 08:22

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:31

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто