Три ракети експлодираа денеска во и покрај израелското одморалиште на брегот на Црвеното Море, Ејлат, јави ИТАР ТАСС.
При експлозиите со полесни повреди се здобиле четири лица.
Тоа се првите ракети врз Ејлат, во најјужната точка на Израел, од избувнувањето на новите насилства меѓу Израел и палестинските групи од Појасот Газа пред една седмица.
Инаку, ракети истрелани од Египет паѓале во градот, полн со хотели и туристички атракции, во неколку наврати изминатите години.
Две од трите ракети, истреляни денеска, паднале во самиот Ејлат.
Израелските власти се сомневаат дека градот бил подложен на ракетниот напад од египетска територија.