Собранието ќе ја продолжи осмата седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи осмата седница на која ќе расправа за Предлог-законот за прекршоците, во прво читање.

На дневен ред на седницата се и предлог-законите за изменување на Законот за субвенционирање на станбен кредит и на Законот за пратениците, и двата по скратена постапка.

Пратениците треба да дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање и за Предлог-законот за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба