Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон денеска изјави дека Израел ќе ги продолжи нападите врз Хамас и дека штетите нанесени на организацијата и на другите терористички органзиации во Појасот Газа се сериозни.
– Кога лидерите на Хамас излезат од своите засолништа ќе го видат обемот на разорување и шететата која е нанесена на органзиацијата, така што ќе зажалат дека се впуштија во нова рунда борби со Израел, посочи Јалон.
Во меѓувреме шефот на израелската диплоамтија Авигдор Либерман изјави дека меѓународната заедница врши притисок по секоја цена да се прекине огнот.
И покрај тврдењата на Израел дека Хамас претрпува сериозни штети, ракетните напади од Појасот Газа продолжуваат речиси со несмален интензитет.