Актерот Хју Лори, кој стекна слава со улогата на доктор Хаус во истоимената серија, заедно со неговиот бенд се наоѓа на турнеја низ Европа, во чии рамки утре ќе настапи во Белград, а в среда во Загреб.
По пристигнувањето во Србија, славниот актер и музичар на својот профил на Твитер веднаш објави интересен настан, што му се случил при влеѓувањето во земјата.
– Влегов во Србија, но морав да чекам еден час. Граничниот полицаец го задржа мојот пасош за да го фотографира за спомен! Фантастично, напиши „Доктор Хаус“ на Твитер.