Градоначалникот на мексиканскиот град Сан Педро Хуамелулa, Хоел Васкез Рохас симболично се венча со женка-крокодил, со цел да осигура богат лов на локалните рибари.
Женката-крокодил на „венчавката“ била облечена во бел фустан, а по церемонијата следел танц пред насобраните граѓани.
Според традицијата, крокодилката е принцеза чиј „брак“ со градоначалникот ќе донесе голем улов на рибарите во водите на Тихиот Океан.
Целата случка која вклучува танц и огномет ја финансираат членовите на Градското собрание, а оние кои одборници кои финансиски не придонесуваат за собирот, добиваат парични казни.