Заврши уште едно Светско фудбалско првенство, но тука не е и крајот на Мундијалот, бидејќи ќе следнуваат коментари, интересни настани, духовити видеа и многу занимливости кои треба да се објават на интернет.
Вистинска ѕвезда на социјалните мрежи веќе стана италијанскиот судија Никола Рицоли, кој за време на мечот кога се виде себеси на големиот екран и си ја поправи фризурата. Злобниците прокоментираа дека за Рицоли физичкиот изглед по се изгледа бил поважен од самиот меч.
Хит станаа и твитовите на Ријана. Оние кои ја следат пејачката на Твитер имаа можност од неа да дознаваат што се случува на теренот и на стадионот директно за време на финалето.
Пејачката од Барбадос страсно навиваше за Германија, па хит стана и нејзиниот твит „Ова е најдобриот ден во мојот живот“, а по твитот пристигна и „селфито“ на Швајнштајгер и Подолски.
Исто така, со огромна брзина низ интерент се прошири и видеото во кое Германија го покажува својот борбен дух.