Продолжува осмата седница на Собранието на РМ

Од:

Собранието денеска во рамки на осмата седница ќе расправа по Предлог законот за изменување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, по скратена постапка.

На дневен ред се и Предлог законот за изменување на Законот за пратениците, исто така по скратена постапка, поднесен од пратениците Александар Николоски и Талат Џафери, Предлог законот за спортска академија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, како и Предлог законот за дополнување на Кривичниот законик, сите во прво читање.

Пред Собранието се и Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлог законот за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите во прво читање, како и Барањето за давање автентично толкување на член 45 од Законот за локална самоуправа и член 29-а од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, поднесено од градоначалникот на Општина Босилово.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски