ОН треба да му помогне на Хаити против колерата

Од:

Обединетите нации имаат “морална одговорност” да му помогнат на Хаити, за да се стави крај на епидемијата од колера, за која некои ги обвинуваат мировниците, рече генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Денеска генералниот секретар ќе биде во Хаити, соопшти АФП.

Студија објавена од Американскиот центар за контрола и превенција на заболувањата во јуни 2011 година, покажа дека колерата, која исчезна во Хаити пред 150 години, била донесена повторно од непалски мировници распоредени во земјата, за помагање на населението по катастрофалниот земјотрес од јануари 2010 година. Но ОН никогаш не ја призна својата одговорност за епидемијата, велејќи дека е невозможно да се утврди причината на болеста.

Жалба беше поднесена против ОН во март во федералниот суд во Бруклин, САД, во која се тврди дека ОН треба да ја признае својата одговорност, да ги компензира жртвите и да ги обезбеди потребните грижи.

Од почетокот на епидемијата во 2010 година се разболеа околу 700 илјади лица, од нив над 8500 починаа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството