Еден ранет во пукање во Куманово

Од:

Едно лице е рането во вооружен напад во кумановската населба „Гоце Делчев“, ноќта кон неделата, пренесе Макфакс.

Инцидентот се случил во 2,10 часот во населба Гоце Делчев во Куманово, кога од група од три лица со пиштол било неколкупати пукано кон 34-годишниот, кој бил ранет во пределот на левата подлактица, при што му е укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово.

По преземени мерки, дел од осомничените лица се приведени во полициска станица, а по дел од нив се трага. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи