Повредено четиригодишно девојче во сообраќајка во Тетово

Од:

Повредено четиригодишно девојче и помала материјална штета се последиците на две сообраќајки во кои учествувале моторцикли а се случиле вчера поладне во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

-Во првиот случај околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово Пирок, во Пирок, моторцикл Кавасаки со тетовски регистарски таблички управуван од М.С.(25) од Тетово удирил во четиригодишно девојче кое се здобило со телесни повреди. Тоа со автомобил веднаш било префрлено во тетоската клиничка болница каде по укажаната помош било задржано за понатамошно лекување. Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот и откривање на причините и околностите на сообраќајката, рече Јосифовски.

Додаде дека, околу 18 часот и 50 минути на локалниот пат Фалише Стримница засега непознато лице кое било на моторцикл удрил во автомобил Рено Меган управуван од Д.Д.(23). Веднаш откао удрил во автомобилот возачот на моторциклот избегал. Врз возилото имало извесни ошетувања но немало повредени.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи