Комеморативна седница за четворицата пилоти на МВР

Од:

Комеморативна седница по повод трагичната несреќа на четворицата пилоти на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа денеска во Домот на АРМ во Скопје.

– Имињата на Драги, Иљо, Маријан и Тоде ќе бидат дел од колективното паметење на сите што живеат на овие простори и ќе останат светол пример за сите идни генерации. Република Македонија и МВР со трагичната смрт на Драги, Иљо, Маријан и Тоде загубија извонредни професионалци и големи патриоти, а нивните семејства изгубија чуствителни сопружници, грижливи татковци и горди синови и браќа, рече во своето обраќање помошникот – началник на Централните полициски сили Сашо Митевски.

Се собравме денеска, како што истакна Митевски, за да ја споделиме заедничката тага за загубата од трагичната хеликоптерска несреќа и да се присетиме на придонесите и биографиите на нашите колеги.

Началник-пилот Драги Мицев е роден 1969 година во Струмица. Во 1988 година завршил како питомец на воздухопловната академија во Мостар, БиХ. Своето образование го продолжил во воената воздухопловна академија во Задар, Хрватска каде дипломирал во 1991 година. Во 2000 година станал пилот на полициски хеликоптер на МВР, а во 2001 година и активен учесник во конфликтот.

Командир-пилот Иљо Лопатички е роден 1968 година во Битола. Завршил како питомец на воздухопловната академија во Мостар, БиХ, а диплимирал и на воената воздухопловна академија во Задар, Хрватска во 1990 година. Како пилот на военото воздухопловство на АРМ учествувал во конфликтот во 2001 година.

Пилот-капетан Маријан Трајковиќ е роден 1967 година во Куманово. И тој завршил како питомец на воздухопловната академија во Мостар, БиХ. Своето образование го продолжил во воената воздухопловна академија во Задар, Хрватска каде дипломирал во 1991 година. Како пилот на военото воздухопловство на АРМ учествувал во конфликтот во 2001 година.

Воздухопловен инструктор за лиценцирање воздухопловен персонал пилот Тоде Орешков е роден 1970 година во село Рожден, Кавадарци. Во 1989 година завршил како питомец на средното воено воздухопловно училиште во Сараево, БиХ. Завршил обука за техничар летач на хелихоптер МИ-17, како техничар-летач на военото воздухопловство учествувал во конфликтот во 2001 година.

На комеморативната седница присуствуваа министри во Владата и бројни припадници на МВР кои им изразија сочувство на членовите на семејствата на пилотите на МВР, а беше отворена и книга на жалост.

Тројца од пилотите ќе биде погребани утре во Скопје, а погребот на Марјан Трајковиќ ќе се одржи денеска во Куманово.

Утре во Македонија ќе биде ден на жалост. Владата на вчерашната седница одлучи понеделник, 14 јули да биде прогласен за ден на жалост.

Несреќата во која загинаа припадниците на хелихоптерската единица на МВР се случи во четвртокот околу 22 часот во близина на Струмица, за време на ноќен тренажен лет, кога леталото удрило во антенски столб на Македонската радиодифузија висок 120 метри. Хеликоптерот МИ17-V5 летал на релација Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево и обратно.

Би можело да ве интересира

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ

Уапсени се тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки