Градот Скопје информира дека за време на викендот на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.
Времениот режим се воведува поради изведба на градежни активности односно попречни прекопи за поставување подземна инсталација во периодот од 07 до 17 часот.