А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Зголемена наплатата на данок на имот во Скопје за 35 отсто

by А1он11/07/2014 - 15:5896
Share0

Наплатата на данокот на имот, изготвувањето на единствена програма за поставување урбана опрема за подрачјето на целиот град, како и процесот на подготовка на регулациски планови, беа темите на денешната седница на Координативното тело на градоначалници на скопските општини.

Следете a1on на Instagram Instagram

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги запознал градоначалниците за процесот на наплата на данокот за имот, каде е евидентирано зголемување на процентот на наплата во однос на истиот период од минатата година.

– Процентот на наплатата на данокот на имот до крајот на месец јуни, во споредба со истиот период во 2013 година, е зголемен за 35 отсто. Координативното тело на денешната седница покрај за наплатата дискутираше и за зголемувањето на евиденција на данок имот, затоа што сеуште постојат домаќинства и субјекти кои не го пријавиле данокот на имот. Дискутиравме за модалитетите како тоа да се направи, како и за евиденцијата на градежното земјиште на индивидуалните куќи кое што исто така треба да се евидентира, за што ќе се одржи состанок и со претставниците на Министерството за транспорт и врски и Катастар на Скопје, рече Трајановски.

За втората точка градоначалникот појасни дека на следната седница на Советот ќе бидат донесени програмата за времени објекти за општините Центар и Гази Баба.

– Градот Скопје распиша тендер  и избра фирма што направи програма за поставување времени објекти. Таа програма беше доставена до општините за да ги дадат своите забелешки, за потоа да се вметнат во програмата. Таа постапка заврши со тие две општини и во понеделник на 14 јуни Советот ќе биде гласана на седницата на Советот на Град Скопје. Останатите опшини ветија дека до крајот на месецот ќе заврши усогласувањето на програмата за урбаната опрема, така да на следната седница на Советот која ќе биде при крајот на август ќе бидат донесени програмите за поставување на времени објекти во другите општини, истакна Трајановски.

Околу процесот на подготовка на регулациските планови, Трајановски го информирал Кординативното тело за постојаната динамика на носењето на истите, каде се очекува Советот на Град Скопје да носи во просек по 12 регулациски планови секој месец. Оваа динамика зависи и од добивањето на посебни ажурирани податоци за земјиштето од Катастарот, за што дополнително ќе се одржи состанок со претставници од оваа институција.

Следете a1on на Youtube YouTube

Покрај процесот на подготовка на регулационите планови на единаесеттото Координативното тело на градоначалници на Скопје се дискутираше и за можноста во летниот период, кога има зголемена опасност од пожари, да бидат ангажирани и волонтери од градскиот и општинските противпожарни сојузи.

– Овие волонтери ќе поминат соодветна стручна обука, ќе бидат опремени и за нивниот ангажман ќе добијат хонорари односно дневници од околу 1.000 денари, а на таа тема ќе се дискутира на посебен состанок со претставници на овие противпожарни сојузи, рече Трајановски.

skopje

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он24/05/2026 - 10:43

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 18:1124/05/2026 - 08:22

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:31

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто