Седум сообраќајки во Скопје, еден потешко повреден

Од:

Вкупно седум сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје, од кои една е со тешки телесни повреди.

Како што информираат од сообраќајната полиција, оваа сообраќајка се случила во 12 часот на бул. „Александар Македонски“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден возач, а со телесни повреди се здобил и еден патник.

Кај останатите шест сообраќајки во три е констатирана материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 12 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош