Русија ќе и отстапи ракетен систем на Белорусија

Од:

Руското Министерство за одбрана, потпиша договор за отстапување на ракетниот систем земја- воздух С-300 на Белорусија, пренесе „Итар тас“.

-Сите поранешни одлуки се во тој договор. Сега се зависи од Белорусија, која откако ќе го потпише договорот, ќе и биде испорачан ракетниот систем- изјави Константин Бириулин, заменик директор на руската Федерална служба за военотехничка соработка.

Системите С-300 се креирани со цел да ги сочуваат важните објекти од воздушни напади и имаат моќ да погодат шест мети одеднаш, на одалеченост од 300 километри.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу во октомври по средбата со својот белоруски колега Јуриј Задобин, најави дека Русија има намера да и достави на Белорусија четири ракетни системи С-300.

-Преземаме акции да го развиеме и зајакнеме борбениот потенцијал на обединетиот систем за одбрана на регионот, за таа цел го унапредуваме воздушниот систем за одбрана на Белорусија- рече тогаш Шојглу.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски