Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Авганистан каде ќе разговара со двајцата претседателски кандидати, со цел да се постигне решение за спорните изборни резултати.
Кери ќе се сретне со кандидатите Абдула Абдула и Ашраф Гани, како и со актуелниот претседател Хамид Карзаи, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент.
Независната изборна комисија го прогласи Гани за победник во вториот круг од изборите на 14 јуни со освоени 56,44 проценти од гласовите. Абдула, кој победи во првиот круг, ги отфрли прелиминарните резултати.