Индија за 12 отсто ги зголемува трошоцита за армијата во новиот буџет

Од:

Индиската Влада во нов буџет на Индија планира да ги зголеми трошоците за одбрана за 12 отсто во однос на минатата година.

Во буџетот, презентиран денеска, се предвидува поголемо отворање на индиската одбранбена индустрија за странски инвестиции, со цел на вооружените сили на Индија да им се помогне да се засилат и да се надмине доминацијата на Кина.

Во последните три години Индија е најголемиот купувач на оружје во светот, обидувајќи се да го замени своето застарено вооружување од советско време со модерни оружја. Таа, исто така, сака да биде ривал на Кина, со која пред повеќе од половина век водеше војна.

Според индискиот министер за финансии Арун Џајтлеј, воениот буџет за оваа година ќе изнесува 2,29 билиони рупии (38,35 милијарди долари), во однос на ланските 2,04 билиони рупии.

– Модернизацијата на вооружените сили е од клучно значење за да можат тие поефикансо да ја одиграат својата улога за заштита на стратешките интереси на Индија, рече тој пред пратениците во Долниот дом.

Ова е првиот буџет на новата Влада на партијата Баратија џаната, која одамна инсистира на засилување на воената моќ на Индија за да може да ги одбие потенцијалните закани од Кина и Пакистан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати