А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во близина на велешкото село Раштани

by А1он10/07/2014 - 13:12115
Share0

Утрово околу 9 часот жителите од  велешкото село Раштани пријавиле пожар во трева на локација на километар ипол над селото. Пожарникарите од Противпожарната единица од Велес веднаш се упатила на местото на пожарот каде со брза интервенција пожарот веднаш бил изгаснат.

Следете a1on на Instagram Instagram

Опожарени биле околу 500 метри квадратни трева. Пожарникарите  се сомневаат дека огнот го запалиле некои од селаните, а среќна околност што тој не се прошири било тоа што тревата сеуште не е толку сува. Во пожарот изгорела само трева и грмушки и за среќа била избегната поголема штета, велат од ППЕ од Велес.

Љупчо Лепидовски командир на ППЕ од Велес апелира до локалното население во велешко  да не ја палат тревата со што можат да предизвикаат и шумски пожари со несогледливи последици како што беше случај пред неколку лета во велешко.

-Тогаш во големиот број на шумски пожари изгореа неповратно илјадници хектари шума, а во над 90 отсто од случаите причинител беше факторот човек, потенцира Лепидовски.

pozar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Повторно се разгоре пожарот во Мариово, не чека тешка ноќ

Горан Наумовски18/08/2026 - 19:4218/08/2026 - 20:19

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Горан Наумовски18/08/2026 - 18:43

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски18/08/2026 - 14:5518/08/2026 - 14:55

Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

А1он17/08/2026 - 19:3317/08/2026 - 19:34

Маж (70) почина при пожар во Смедерево

А1он17/08/2026 - 19:27

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Горан Наумовски17/08/2026 - 15:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео