Избрани замениците министри во Владата

Од:

Собранието на Република Македонија денеска со 71 глас „за“ и еден „против“ го прифати предлогот за именување заменици-министри во Владата.

Од 15-те заменици-министри, деветмина повторно добиваат мандат, а останатите шест првпат ќе имаат шанса да извршуваат ваква функција.

За заменик-министер во Министерството за одбрана е назначен Арбен Љабеништа, за заменик-министер за внатрешни работи Земри Џамиљи, за заменик-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковски и  за надворешни работи Драгана Кипријановска. Истата функција во Министерството за финансии ќе ја извршува Ардијан Џељадини, во Министерството за економија Христијан Делев и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Заменик-министер за здравство е Јовица Андовски, заменик-министер за образование Спиро Ристовски, заменик-министер за труд Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, заменик-министер за култура Драган Недељковиќ, заменик-министер за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска, заменик-министер за транспорт и врски Ниметула Хаљими и за заменик-министер за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Премиерот Груевски во образложението истакна дека се работи за лица кои се подготвени да ги вложат своето знаење и искуство во спроведувањето на програмата на Владата.

– Се работи за луѓе кои верувам ќе ја оправдаат довербата на функцијата заменик-министер. Најголем дел од нив се искусни во дејноста и имаат управувачко раководно искуство. Сите се подготвени да го вложат својот максимум, знаење, креативни капацитети и искуство и да помогнат во спроведувањето на програмата на Владата. Мислам дека со својот капацитет, зрелост и искуство ќе дадат сериозен придонес во спроведувањето на програмата на Владата, подвлече премиерот Груевски.

Во образложението пред пратениците, Груевски им се заблагодари на сите оние кои досега ја извршувале функцијата заменик министер.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека се работи за спој на младост и искуство и изрази надеж дека новите заменици-министри ќе имаат добра соработка со пратеничките групи.

– Се работи за континуитет на кадровската политика за избор на квалитетни решенија кои раководат со одредени ресори. Деветмина од нив повторно добиваат шанса што значи дека владините политики кои се спроведуваат даваат резултати и се препознаени од граѓаните, рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ даде поддршка на изборот за заменици-министри и ја поздрави одлуката што меѓу новите кандидати има три жени.

Собранието на почетокот на 8. седница го верификуваше и мандатот на пратеникот Калтрина Азизи.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски