Клубот Матица со хитот на летото „Последната пролет во Париз“ и уште 1.000 нови наслови вечерва во Битола ќе одржи ноќен книжевен перформанс.
Настанот е прв од низата кои ќе следат низ Македонија, а ќе се одржи на Широк Сокак, под балконот од куќата на Елени Каринте, инспирирани од легендата за љубовната приказна помеѓу Мустафа и Елени. Замислен е како спој на љубовната легенда од минатото со новите книжевни љубовни страници од сегашноста.
Настанот, покрај големиот избор на наслови и автори, како и цените димензионирани за сечиј вкус и џеб, ќе понуди и многубројни изненадувања и подароци.
Членовите на Клубот од Битола, а и сите заинтересирани читатели ќе имаат можност да ги добијат омилените наслови по уште пониски цени.