Лидерот на најголемата полска опозициска партија Право и правда, Јарослав Качињски денеска побара Парламентот на Полска да и изгласа недоверба на Владата на премиерот Доналд Таск, поради скандалот со тајно прислушуваните разговори на министри и високи државни службеници.
Качињски побара од Сејмот да ја разреши Владата на Туск и за нов премиер го предложи Пјотр Глински.
Качињски изнесе серија обвинувања на сметка на владиниот Кабинет, наведувајќи цел список на полиитчки и социјална прашања, со кои, спорд него, Владата не се занимава.
– Туск и неговите министри не се способни да раководат со голема европска земја како Полска, потенцира Качињски.
Гласањето за недовебра на Владата се очекува да се одржи в петок.
Граѓанската платформа на Туск, кој што ја сочинува Владата во коалиција со Полската селанска партија, има мало мнозинство во Сејмот, но минатиот месец доби довербата, при гласањето што го иницираше самиот премиер по избувнувањето на скандалот за компромитирачките разговори на членови на Владата.
Парламентот, исто така, ќе треба да се изјасни и по иницијативата за изгласување недоверба на министерот за внатрешни работи Бартломеј Шенкевич.