Либија денеска му се извини на Вашингтон и вети дека ќе ги казни виновниците за убиството на амбасадорот на САД во нападот врз конзулатoт на САД во Бегнази, насилството поттикнато од филмот кој наводно го навредува исламот го осуди и американскиот претседател, додека Египет бара извинување од САД.
Нападот врз комплексот во Бегази во ноќта кон средата заврши со повеќе жртви отколку што првично објави американската државна секретарка Хилари Клинотн, кога го потврди убиството на американскиот дипломат не наведувајќи го неговото име, а агенциските извештаи кои се повикуваат на различни официјални извори се разликуваат меѓу себе. Така AFP јави дека жртвите се убиени во зградата на конзулатот, додека Reuters дека се усмртени со ракета додека со возило бегале на безбедно место од запалениот конзулат. Панарапската сателитска телевизија Al Jazeera јави дека амбасадорот се задушил од чадот во запалената зграда.
„Потврдуваме дека никој нема да ја избегне казната”, изјави претседателот на Либиското национално собрание, Мохамед Магариеф, пренесува Al Jazeera.
Магариеф им се извини на САД за убиството на амбасадорот Џи Кристофер Стивенс и тројцата други припадници на персоналот на американската дипломатската мисија во источниот либиски град Бенгази каде што се сместени новите либиски преодни власти по соборувањето на режимот на деценискиот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, во бунтот што избувна 2011 година. Магариеф се извини и за убиството на другите тројца службеници и најави дека „сите странци во Либија ќе бидат заштитени”.
Претседателот Обама го осуди исмејувањето на верските чувства на другите, меѓутоа и нагласи дека „го осудува бесмисленото насилство” потсетувајќи дека Стивенс бил „храбар и примерен претставника на САД”.
Стивенс, кој зборувал и арапски јазик, бил ветеран од американските дипломатски мисии во Либија. Служел во текот на востанието против Гадафи и бил особено ценет меѓу либиските бунтовници.
Осуди за убиството ана американскиот дипломатски персонал во Либија и повици за казнување на виновниците изјавија и генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, Франција, Германија, Велика Британија, а Ватикан го осуди провоцирањето на муслиманите.