Украина го бара ЕП 2017 во замена за одземеното во 2015 година

Од:

Украинците инсистираат да ја добијат организацијата на Европското кошаркарско првенство во 2017 година, како компензација за одземеното на кое оваа земја требаше да биде домаќин идната година.

Претседателот на ФИБА Европа Тургај Демирел се наоѓа во официјална посета на Украина каде разговара за евентуално доделување на ЕП 2017.

Демирел добил гаранции од претседателот на Украина Петро Порошенко, премиерот Арсениј Јаценјук и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко, како и од претседателот на Кошаркарскиот сојуз на оваа земја Саша Волков дека државата е способна да ги изгради потребните објекти за одржување на првенството и да ги пречека најдобрите европски земји.

ФИБА Европа поради нестабилната состојба во државата, На Украина и го одзема ЕП 2015. Тогаш соопшти дека оваа земја ќе биде во предност ако се одлучи да се кандидира за домаќин на евро-шампионатот во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски